ДОБРЕДОЈДОВТЕ

Ни представува особена чест и задоволство да ве поканиме на, “1ва РАБОТИЛНИЦА ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СОЛИДНИ ОРГАНИ/ТКИВА И КОСКЕНА СРЦЕВИНА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: ДОСТИГНУВАЊА И ИДНИ ПЕРСПЕКТИВИ“.
Работилницата ќе биде организиранa како хибриден состанок. Дел од учесниците ќе се сретнат во Луксузен Хотел Лимак, Скопје, на 10ти и 11.12.2021г., а останатите ќе го следат виртуелно состанокот.

Овој настан е организиран од страна на Здружението на Хематологија на Македонија и Националниот Координатор за Трансплантација на Р.Северна Македонија, во соработка со Македонското Здружение за Имуногенетика и е под покровителство на Министерството за Здравство на Р.Северна Македонија и Министерот Венко Филипче. 

И покрај многуте предизвици со кои се соочивме од почетокот на пандемијата со Ковид-19, нашата цел да им овозможиме на пациентите адекватна, и софистицирана здравствена нега, остана непроменета. 
Напротив, станавме уште помотивирани и успеавме да го подигнеме здравствениот систем на Р.Северна Македонија на ниво еднакво на светските центри кои се бават со оваа проблематика-трансплантација.

Ништо од ова немаше да биде остварено без професионалната и финансиска поддршка и соработка на Министерството за Здравство на Р.Северна Македонија и Министерот Доцент Д-р Венко Филипче.  

Организирањето на самата работилница претставуваше огромен предизвик, па токму поради тоа успешноста на настанот е огромна награда за целиот тим кој работеше на организацијата. Трансплантацијата на периферни матични клетки прв пат беше изведена во нашата земја во 2000 година на  Клиниката за Хематологија- Скопје, со вкупно изведени 600 трансплантации до денешен ден, од кои дури 200 се реализирани во последните 4 години. Спроведувањето на трансплантација на хематопоетски клетки од несроден дарител беше изведена за прв пат во ноември 2018 година и беше успешно воведена како тераписка метода на нашата клиника. Дополнително, во Јануари 2019 година, Нашата клиника потпиша меморандум за соработка со  ЈЗУ УК за Детски болести- Скопје, после кој се презентираше програмата за спроведување на сродни и несродни трансплантации за деца над 3 години. 
Понатаму, во 2019, Универзитетската Клиника за Хематологија заедно со Институтот за Имунологија и Националниот  регистар на дарители на коскена срцевина ја лансираа кампањата со наслов ,, Биди срцевина, биди херој”, која  имаше за цел да ја зголеми индивидуалната свест за хематолошките малигни болести во нашата земја. Кампањата сеуште е во тек и бројот на доброволни дарители на коскена срцевина постојано се зголемува.

Голем прогрес е постигнат и во областа на солидни трансплантации, особено со воведувањето на трансплантација на срце во Мај, 2020 година, со вкупно шест успешни трансплантации на срце до денешен ден.

Во Април, 2020 беше изведена првата трансплантација на коскено ткиво од дарител кадавер, а потоа беа изведени уште 4 трансплантации на коскено ткиво.
И покрај актуелната пандемија со Ковид-19, спроведени беа 16 бубрежни трансплантации, од кои 4 во 2020, а 12 во 2021.
Во склоп на сите овие настани, сакавме да организираме настан посветен на оваа гранка од медицината која претставува кај голем број болести единствена метода која може да доведе до излекување.
Програмата на состанокот ја изработивме како би била стимулативна, едукативна, и да овозможи интеркација помеѓу слушателите и предавачите.
Поради актуелната Ковид-19 пандемија, организаторите вклучија и онлајн можност за следење на работилницата.
Ќе ни представува чест и задоволство доколку го збогатите овој настан со вашето присуство.

Со почит,
Организиациски Одбор
 

zhmzhmzhmzhmzhmzhmzhmzhmzhmzhmzhmzhm