ПОКАНА

Почитувани колеги,

Ни представува особена чест и задоволство да ве поканиме на “1ва РАБОТИЛНИЦА ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СОЛИДНИ ОРГАНИ/ТКИВА И КОСКЕНА СРЦЕВИНА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ДОСТИГНУВАЊА И ИДНИ ПЕРСПЕКТИВИ” со меѓународно учевство, која ќе се одржи на 10ти и 11ти Декември, 2021 во Скопје, Република Северна Македонија.

Овој настан е организиран од страна на Здружение на Хематолози на Македонија и Националниот Координатор за Трансплантација на Р.Северна Македонија во соработка со Македонското Здружение за Имуногенетика, а е под покровителство на Министерството за Здравство на Р.Северна Македонија и Министерот Венко Филипче.

И покрај предизвиците со кои сите ние моравме да се соочиме во текот на изминатиот период поради светската Ковид-19 криза, нашата цел да им овозможиме на нашите пациенти адекватна, и софистицирана здравствена нега, не се промени. 
Напротив, станавме уште помотивирани и успеавме да го подигнеме здравствениот систем на Р.Северна Македонија на ниво еднакво на светските центри кои се бават со оваа проблематика-трансплантација.

Работилницата пред се ќе биде насочена кон претставување на современите стратегии од областа на Трансплантација на солидни органи/ткива и коскена срцевина, прикажување на нашите досегашни искуства, предизвиците и идните перспективи на овие методи на лекување.
Ни претставува особено задоволство што на состанокот ќе учевствуваат светски, реномирани предавачи, експерти во својата област и ќе ни го претстават своето долгогодишно искуство како и најновите сознанија поврзани со трансплантација.
 

Убедени сме дека овој стручен состанок ќе биде од големо значење за сите учесници, овозможувајки размена на искуства, збогатување на знаењето, а се во интерес на нашите пациенти.

>> Место на одржување на настанот